Connect with us

Фудбалерките го победија Косово (ФОТО)

Женската фудбалска репрезентација на Македонија славеше победа против Косово со 3-1 на првиот контролен меч меѓу двете селекции одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски”.

Ленче Андреевска постигна два гола, а на погодок за нашата селекција се радуваше и Хафа Мустафа за сигурна победа против Косово.

Двете репрезентации во Приштина на стадионот “Вадиљ Вокри” ќе одиграат втор контролен натпревар на 27. јуни.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови