Connect with us

Пресврт во Минхен: Томас Тухел ќе остане на клупата на Баерн?

Раководството на Баерн Минхен размислува да го задржи Томас Тухел на чело на тимот и следната сезона. Баварците веќе најавија дека стратегот ќе биде ослободен на крајот од сезоната, но челниците оттогаш имаа пречка во обидите да ги ангажираат Чаби Алонсо, Џулијан Нагелсман и Ралф Рангник како негова замена.

Спортските директори Макс Еберл и Кристоф Фројнд го поддржуваат Тухел и не гледаат проблем тој да продолжи да биде тренер на тимот, објави „Скај Германија“. Целосна доверба во тренерот имаат и дел од играчите предводени од капитенот Мануел Нојер.

Томас Тухел на прес-конференцијата пред гостувањето кај Штутгарт прокоментира дека договорот меѓу него и клубот останува на сила. Сега, сепак, се чини дека тоа можеби ќе се промени.

„Скај Германија“ откри и дека раководството на Баерн стапило во контакт со Хулен Лопетеги. Баварците се распрашуваат за ситуацијата околу шпанскиот стручњак.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови