Connect with us

Елмас: Реал секогаш е фаворит, но ние нема да ги оставиме да дишат ниту пет минути

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас со тимот на Лајпциг вечерва ќе биде домаќин на Реал Мадрид во првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите. Тој смета дека „кралевите“ се фаворити, но истакнува и дека Лајпциг е силно мотивиран да оствари добар резултат.


Елмас со Наполи одигра два меча против составот на Карло Анчелоти во групната фаза од ЛШ, а оваа зима се пресели со Лајпциг.

„Секој натпревар против Реал Мадрид е лекција за секој фудбалер. Како може да не научиш нешто од Модриќ или од Крос? Тие се на едно друго ниво и кога играте против Реал, мора да понудите нешто многу повеќе“, изјави Елмас.

Тој вели дека Реал Мадрид е фаворит во двомечот, но дека и Лајпциг има што да покаже.

„Реал Мадрид речиси секогаш е фаворит, клубот има огромна традиција, моќ, квалитетен тим. Но, фаворитите не победуваат секогаш. Јас знам дека ние нема да ги оставиме да дишат ниту пет минути на вечерашниот меч“, истакна Елмас.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови