Connect with us

Ди Марија си оди од Јувентус, доаѓа Адама Траоре

Анхел ди Марија во јануари ќе се врати во родната Аргентина. Како што пренесуваат италијанските медиуми, фудбалерот на Јувентус ќе ослободи место за фудбалерот кој веќе некое време е на радарот на „старата дама“.


Адама Траоре, крилниот напаѓач на Вулверхемптон, ќе дојде во Торино за 20 милиони евра. На Јувентус очајно му треба играч со неговите квалитети.


Вулверхемптон ќе се согласи на ваква понуда бидејќи договорот со клубот му истекува на крајот од актуелната сезона.


Траоре во досегашниот дел од сезоната одигра 14 натпревари за Вулверхемптон и постигна два гола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови