Шкендија Арачиново ја продолжи победничката серија совладувајќи го Охрид со 2-1. Десниќ беше прецизен, а Каба со автогол му помогна на домашниот тим до нови три бода.
Тетекс во Јегуновце го доби дербито против Детонит Плачковица (3-2). Николовски и Радески беа стрелци за „штофарите“, додека Манасиевски несреќно ја затресе сопствената мрежа.
Брегалница рутински го победи Вардар во Неготино (0-2) со головите на Тасев и Георгиев, а Слога Виница приреди најефектна победа на колото – 5-1 над Големо Коњари. Талески постигна два погодоци, а се запишаа и Настевски, Христовски и Крстевски.
Осогово во Кочани беше подобар од Преспа (2-0) со головите на Жоглев и Стоиловски. Успешен беше и Кожуф кој во Гевгелија го совлада Новаци со 2-0 благодарение на Ислами и Гугуљанов.
Единственото реми се одигра во Прилеп, каде Победа и Саса поделија бодови (2-2). За прилепчани погодија Крајоски и Ахмедов, а за гостите Николов и Бекир.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













