Најмладиот стрелец на ЕВРО 2024, Ламин Јамал, предизвика скандал по победата на Шпанија против Франција и пласманот во финалето на Европското првенство. Тој донесе маската со ликот на нинџа-желка и тргна на прес-конференција, но во обидот го спречија луѓето задолжени за техничка организација при Фудбалаката федерација на Шпанија.
Ова требаше да биде директна провокација за Килијан Мбапе, новиот фудбалер на Реал Мадрид, кој за време на ЕВРО 2024 мораше да носи заштитна маска поради повредата на носот.
Ламин Јамал постигна прекрасен гол во полуфиналето против Франција, кога со одличен удар од околу 20 метри го погоди горниот агол од голот на Мајк Мењан. Со овој гол, Јамал стана најмладиот стрелец во историјата на европските првенства, со само со 16 години и 362 дена.
Yamal was heading to do an interview with a Ninja Turtle mask after the French game, but they quickly took it off him.
— James (@JamessUtd_) July 11, 2024
Not only is he a generational footballer, but he’s also a generational shithouse. 🤣
pic.twitter.com/NnpqSmOm9h
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski