
Аргентина по шеснаесетти пат во историјата го освои трофејот на Копа Америка, победувајќи ја Колумбија со 1-0 во продолженијата од финалето во Мајами. Победничкиот гол го постигна Лаутаро Мартинез во 112. минута.
Со оваа победа, Аргентинците станаа најтрофејни на континентот, со една титула повеќе од Уругвај. Мечот беше полн со груби стартови, а Лионел Меси поради повреда побара замена во второто полувреме и заплака на клупата.
Финалето доцнеше речиси еден час поради организациските пропусти. Се случи навивачко стампедо, имаше драматични сцени на трибините и надвор од стадионот.
Messi crying !💔💔💔💔💔 pic.twitter.com/E4udPN8pyz
— Messi Media (@LeoMessiMedia) July 15, 2024
Во 66. минута, Лео Меси побара замена и заплака на клупата, откако стана јасно дека не може да продолжи поради повреда на скочниот зглоб. Уругвајците со жестоки стартови го уништија во текот на мечот, а на негово место влезе Нико Гонзалез.
Лаутаро Мартинез беше човекот на одлука. Тој им побегна на дефанзивците и го совлада колумбискиот голман Варгас во 112. минута, постигнувајќи го голот за нова титула на Аргентина.
Со оваа победа и Анхел ди Марија се прости од дресот на Аргентина на најдобар можен начин, со уште еден трофеј.
Она што требаше да биде спектакл во Мајами, беше разубавено со мини-концерт на Шакира за време на полувремето од натпреварот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Тимот на Лука Станковски ја декласира Црвена Звезда
