Баерн Минхен стигна до втора победа во Бундес – лигата оваа сезона, славејќи на гостувањето кај Аугсбург со 2-3. Серж Гнабри донесе водство во 28. минута, а Луис Дијаз зголеми на 0-2 пред одморот. Во 48. минута Мајкл Олисе постигна трет гол за „баварците“, па се чинеше дека победата е сигурна.
Сепак, домаќинот се врати со головите на Кристијан Јакиќ и Мерт Комур, намалувајќи на 2-3 и создавајќи неизвесност до крајот.
Аугсбург, сепак, немаше сили за целосен пресврт, па Баерн го одржа тесното водство и освои нови три бода.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement
Прва лига
Арсими се засили и со Фатјон Јусуфи













