Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Горан Станиќ го објави списокот со повикани фудбалери за натпреварите од квалификациите за пласман на ЕП 2027 против Полска и Италија. Новиот квалификациски циклус го отвораме на гостински терен во Краков против Полска на 5. септември, а на 9. септември на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола го пречекуваме големиот фаворит во групата, Италија.
На списокот на селекторот Горан Станиќ се следните фудбалери:
Голмани:
Васко Василев – Работнички
Љупче Џеков – Силекс
Славе Вргов – АП Брера
Одбрана:
Давид Даилоски – Венло (Холандија)
Андрија Димески – Вождовац (Србија)
Андреј Аризанкоски – АП Брера
Ѓорге Џеков – Силекс
Анес Мелиќи – Шкендија
Нуман Ајетовиќ – Шкендија
Меметриза Хамза – Струга Трим Лум
Џезаир Авдули – Арсими
Среден ред:
Матеј Ангелов – Работнички
Ѓорѓи Дошев – Македонија ЃП
Адриан Зенделовски – Олимпик (Шведска)
Теодор Николовски – Работнички
Мартин Ѓоргиевски – АП Брера
Матеј Гаштаров – Црвена Звезда (Србија)
Напад:
Димитар Данев – Вардар
Димитар Трајков – Полисја (Украина)
Михаил Талески – Вардар
Кире Стојанов – АП Брера
Дашмир Елези – Работнички
Мухамед Елмас – Македонија ЃП
„Во нашиот состав има неколку измени во однос на последниот собир и контролните натпревари кои ги одигравме против Косово. Промените ги направивме поради формата на фудбалерите. Одредени играчи го загубија местото во тимот за претстојните натпревари, но тоа не значи дека за следните предизвици нема да сметаме на нив, се разбира доколку го потврдат својот квалитет во клупските натпреаври. Комплетни сме, немаме проблем со повредени фудбалери и се надевам дека така ќе остане и после викенд натпреварите.
Како стручен штаб, фокусирани сме на Полска, имаме тежок гостински натпреавар на отворањето на квалификациите, но верувам во нашиот тим. Имаме капацитет, но се разбира, мора сериозно да се подготвиме и максимално да го искористиме краткиот период за подготовки. Се надевам дека сите на прав начин ќе ја сфатат својата улога во тимот. За мечот со Италија ќе размислуваме откако ќе се вратиме во Македонија“, изјави селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Интер без Чалханоглу на дербито со Рома?
Евро-фудбал
Ајакс доби засилување од Премиер – лигата
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)













