Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски во текот на денешниот ден треба да го реализира трансферот од Џирона во шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс. Тој треба да ги мине медицинските прегледи во Париз и да стави потпис на четиригодишен договор со Ренџерс. А в недела би можел да има пеколно деби, затоа што на „Ајброкс“ гостува најголемиот ривал Селтик.
26-годишниот напаѓач остави силен впечаток во шкотската Премиер лига со дресот на Абердин – постигнувајќи 44 голови во две сезони, но во Шпанија не успеа да се наметне, погодувајќи само четирипати.
Оваа сезона Миовски е целосно отфрлен од плановите на тренерот Мичел, а трансферот во Ренџерс веќе е договорен за 2,6 милиони фунти, сума што може да порасне и до 4,2 милиони со бонуси.
Доколку сè помине според планот, Миовски би можел веднаш да дебитира токму во дербито против Селтик – првиот голем предизвик за тимот на Расел Мартин.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Вардар ремизираа, а Шкендија го победи Пелистер и се доближи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Шкендија заврши со европските обврски и сега целосно е посветена на македонскиот шампионат, а...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Артета: Ова е огромна победа за Арсенал













