Македонскиот напаѓач Бојан Миовски е ново засилување на шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс. По вчерашниот потпис, клубот и официјално го претстави репрезентативецот во своите редови.
Миовски се обврза на четиригодишна верност кон „Ренџерс“, договорот важи до јуни 2029 година. По еден краток престој во шпанска Џирона, тој повторно се враќа на Островот, каде што претходно остави силен белег со дресот на Абердин, постигнувајќи 44 погодоци во периодот од 2022 до 2024 година.

„Пресреќен сум што станав дел од овој клуб со толку богата историја. Кога слушнав за интересот на Глазгов Ренџерс, знаев дека ова е вистинското место за мене. Едвај чекам да ги запознам новите соиграчи и да ги почувствувам првите минути на теренот во овој дрес“, изјави Миовски на своето промотивно претставување.
И тренерот на тимот, Расел Мартин, не ја криеше радоста по доаѓањето на Македонецот.
„Со Миовски добиваме напаѓач кој има исклучително движење, интелигенција и голгетерски инстинкт. Тој веќе се докажа во шкотската лига и верувам дека ќе биде голем плус за нашите офанзивни решенија“, изјави менаџерот на шкотскиот гигант.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Интернационалци
Емотивно интервју: Стефан Ашковски за бегството од Иран (ВИДЕО)
Женски фудбал
Фудбалерките до 17 години поразени од Северна Ирска
Евро-фудбал
Клоп ќе биде тренер во Мадрид, ама не на Реал?!













