Менџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, искрено призна дека понекогаш му доаѓа да се откаже од својата работа и да го напушти клубот, најмногу поради сериозните разочарувања во последниот период. „Црвените ѓаволи“ влегоа во новата сезона исто толку слабо како што ја завршија претходната – со две порази и едно реми, а кулминација беше срамното испаѓање од Карабао купот против четвртолигашот Гримсби.
„Понекогаш сакам да заминам, а понекогаш сакам да останам тука 20 години. Понекогаш ги обожавам своите играчи, понекогаш не сакам ни да бидам околу нив. Тоа е нешто што морам да го сменам, но ќе биде тешко“, изјави Аморим.
По натпреварот со Гримсби, Португалецот ги критикуваше своите фудбалери за „многу слаба игра“, а медиумите тоа го протолкуваа како признавање дека тимот веќе не сака да игра за него.
На денешната прес-конференција тој се обиде да разјасни:
„Да, понекогаш ги сакам играчите, понекогаш ги мразам, но тоа е мојот начин. Не сакам да глумам смирен пред камерите – јас сум ваков каков што сум и токму тоа ми ја дава страста. Против Гримсби бев навистина разочаран. Имавме добра подготовка, игравме подобро, но тоа беше премногу слабо издание.“
Во англиската јавност се шпекулира дека во следните десетина дена Аморим ќе има нови разговори со управата за својата иднина. По поразот во финалето на Лига Европа од Тотенхем тој дури понудил да си замине без обештетување, но тогаш раководството му дало доверба.
Аморим исто така порача дека сака Коби Мејно да остане во клубот и да се бори за место во тимот, иако играчот побарал да замине на позајмица.
„Имаме потреба од Коби. Играчите што не настапуваат ќе бидат разочарани, но ќе добијат шанси. Треба да се борат на тренинзите“, порача Португалецот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го сочува врвот со „минималец“ против Работнички, а Шкендија имаше лесна задача против...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Борче Христов (Тиквеш)
Доаѓањето на Борче Христов на кормилото на Тиквеш донесе и многу подобри денови за...
Автор makfudbal
Женски фудбал
Андов: Нова можност да се стекне потребното искуство
Евро-фудбал
Луис Енрике: Многу сум горд на овој ПСЖ
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Маскерано поднесе оставка во Интер Мајами
Евро-фудбал
Осман Дембеле пред трансфер во Манчестер Сити?













