Вердер приреди вистинска драма на „Везерштадион“ и со играч помалку извлече голем бод против Баер Леверкузен, ремизирајќи 3-3.
Гостите ја отворија средбата фуриозно – Патрик Шик уште во 5. минута погоди за 0-1, а новото засилување Малик Тилман во 35. минута ја удвои предноста. Сепак, во самиот финиш на првиот дел, Романо Шмид реализираше пенал и му врати надеж на Вердер.
Најдраматичниот момент се случи во 63. минута – Никлас Штарк доби втор жолт картон и предизвика пенал за гостите. Шик беше сигурен од белата точка и со вториот гол донесе високи 1-3 за „фармацевтите“. Наместо капитулација, Вердер одговори со жесток притисок. Исак Шмид во 76. минута намали на 2-3, а во 94. минута Карим Кулибали со маестрален гол го запали стадионот и донесе реми што изгледаше невозможно.
Ајнтрахт Франкфурт беше убедлив на гостувањето кај Хофенхајм со 1-3. Херој беше Рицу Доан со два гола и асистенција за Џан Јилмаз Узун. Домаќините намалија преку Промел, но премалку за да избегнат пораз.
Лајпциг ја оправда фаворитската улога против Хајденхајм со победа од 2-0. По мирното прво полувреме, Баумгартнер и Кардозо ги решија дилемите.
Штутгарт со дисциплинирана игра дојде до минимални 1-0 против Борусија Менхенгладбах, благодарение на голот на Кеме Адрес во 79. минута. „Швабите“ со оваа победа потврдија дека повторно ќе атакуваат на самиот врв.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го доби дербито со Вардар и заедно со лидерот Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Марјан Радески (Струга Трим Лум)
Струга Трим Лум го доби дербито со Вардар (0-1) во Скопје и ја продолжува...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Капинковски го објави списокот за Македонија У19
Евро-фудбал
Фермин Лопез го замолна Мадрид (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Фермин Лопез го замолна Мадрид (ВИДЕО)













