Струга Трим Лум и Силекс продолжуваат со сигурен чекор во новата сезона и по четири кола остануваат стопроцентни.
Силекс во Гостивар го совлада Арсими со минимални 0-1, но со целосна контрола на играта. Херој беше Мартин Мирчевски, кој во 17. минута ја искористи асистенцијата на Рајков од десната страна и донесе три бода за кратовци.

Струга ТЛ пак одигра маестрално во Куманово и со убедливи 0-5 го совлада Башкими. Клучен момент беше црвениот картон на Марко Симоновски во 23. минута, по што веднаш Басиру Компаоре го отвори резултатот. Радески во 36. минута зголеми на 0-2, а во вториот дел „стружани“ додадоа уште три погодоци преку Шабани, повторно Компаоре и Малески.
Со оваа победничка серија, и Струга ТЛ и Силекс потврдуваат дека ќе бидат сериозни конкуренти за врвот на табелата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
Силекс и Башкими одиграа без голови













