Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски е нов фудбалер на Глазгов Ренџерс. Тој ги мина медицинските прегледи и потпиша договор со шкотскиот гигант до 2029 година. Официјалната промоција на Миовски треба да се случи во текот на утрешниот ден.
Глазгов Ренџерс постигна договор со Џирона за обесштетување вредно 2,6 милиони фунти, кое со бонуси може да порасне до 4,2 милиони.
Македонскиот репрезентативец ќе се приклучи на тимот од „Ајброкс“ непосредно пред големото „Олд Фирм“ дерби во недела.
Миовски остави силен впечаток во двете сезони со Абердин (2022–2024), постигнувајќи 44 гола на 98 натпревари, со што стана миленик на навивачите пред трансферот во Ла Лига. Сега повторно се враќа во Шкотска, и тоа во еден од легендарните клубови во оваа земја.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го сочува врвот со „минималец“ против Работнички, а Шкендија имаше лесна задача против...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Борче Христов (Тиквеш)
Доаѓањето на Борче Христов на кормилото на Тиквеш донесе и многу подобри денови за...
Автор makfudbal
Женски фудбал
Андов: Нова можност да се стекне потребното искуство
Евро-фудбал
Луис Енрике: Многу сум горд на овој ПСЖ
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Осман Дембеле пред трансфер во Манчестер Сити?













