Шкупи не успеа навреме да ги обезбеди потребните услови за одигрување на првенствениот натпревар и дербито со Вардар на стадионот во Чаир, па затоа мораше да пријави алтернативен стадион за четвртото коло. Натпреварот денеска (16.30 часот) ќе се одигра на стадионот „Младост“ во Струмица.
Капитенот на чаирскиот тим, Сухељ Мухарем, верува дека по кризата во првите кола, работите ќе тргнат во позитивна насока.
„Поразите дојдоа како резултат на одредени проблеми кои сега се надминуваат. Во последните недели се подготвувавме максимално. Натпреварот против Пелистер беше голем тест за нас, но и покрај тоа што упорно баравме победа, среќата не беше на наша страна. Сето тоа го оставаме зад себе, бидејќи пред нас е мечот Вардар. Работиме само за позитивен резултат, сè друго за нас би било разочарување“, истакна Мухарем за официјалниот сајт на ФФМ.
Капитенот на Шкупи, заедно со стручниот штаб, направи детална анализа на противникот.
„Натпреварите против Вардар секогаш имаат посебна тежина за нас. Го анализиравме противникот од сите аспекти и не би издвоил ниту еден конкретен играч како најголем ризик. Како што реков и претходно, нè интересира единствено победа. Не е важно кој е пред нас, бидејќи играме условно дома“, дополни Мухарем.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













