Младинскиот фудбалски репрезентативец Давид Тошевски шест месеци е член на рускиот прволигаш Ростов, а во разговор за клупскиот сајт откри што му ја предодредило иднината. На шест години добил подарок фудбалски дрес од Ливерпул, „деветката“ на Фернандо Торес.
„Од мали нозе сум заљубен во фудбалот и во бројот „девет“. Се почна на моја шестгодишна возраст, кога дедо ми купи подарок, дресот од Ливерпул на Фернандо Торес. Оттогаш почнав да сонувам да бидам напаѓач и искрено сум среќен што сонот ми се оствари“, вели Тошевски.
Тој откри и како празнува Нова година и што посакува за 2021…
„Најчесто новогодишната ноќ ја чекам со моето друштво во Македонија. Така беше изминатите години. За 2021 година на сите искрено им посакувам добро здравје и сите да можат да се вратат на стадионите, да се врати животот во нормален колосек“, истакна младиот напаѓач на Ростов.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski