Connect with us

Челси и Енцо Фернандез ќе го урнат трансфер рекордот во Премиер – лигата

Челси е на прагот да постигне договор со Бенфика околу трансферот на Енцо Фернандез. Аргентинскиот играч од средниот ред импресионираше со настапите на Светското првенство во Катар и му беше доделена титулата најдобар млад играч на турнирот.


Трансферот би требало да изнесува дури 127 милиони евра, а таа сума би била исплатена на три рати во текот на три години. Доколку оваа зделка биде комплетирана, тоа ќе биде најголемиот трансфер во историјата на Премиер – лигата.


Рекордот моментно го држи трансферот во кој Џек Грилиш во 2021 година од Астон Вила прејде во Манчестер Сити за 117,5 милиони евра.


Бенфика брзо најде нов фудбалер кој треба да го замени, тоа е играчот од средниот ред на Расинг, Карлос Алкараз, кој се проценува на околу 17 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови