Connect with us

Чави се согласил да остане на клупата на Барселона и следната сезона

Големата тема за иднината на тренерската позиција на Барселона доживеа пресврт. Чави Хернандез ги договорил сите детали да остане на клупата и следната сезона.


Чави имал важна средба во четири очи со претседателот Жоан Лапорта, на која бил убеден да остане уште една сезона, исполнувајќи го актуелниот договор. Поранешниот играч за врска се согласил на сите услови од клубот, тврдат водечките каталонски медиуми „Мундо Депортиво“ и „Спорт“.

Претседателот Лапорта ќе одржи прес-конференција на која ќе објасни сѐ што се случувало во последните неколку дена.

44-годишниот Чави на крајот на јануари објави дека одлучил да ја напушти Барселона на крајот на сезоната. Откако го направи тоа, неговиот тим забележа серија од десет натпревари без пораз во Ла Лига. Таа заврши изминатиот викенд, откако доживеа пораз (3-2) од Реал Мадрид во Ел Класико.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови