Connect with us

Чави: Одигравме катастрофално, тоа беше најлошиот меч на Барселона оваа сезона

Чави Хернандез го изрази своето разочарување по шокантниот пораз на Барселона од Алмерија со 1-0 во Ла Лига. Шпанскиот стратег сподели дека ова е најлошиот натпревар за неговиот тим во сезоната досега.


„Навистина сум лут. Тоа беше најлошиот натпревар оваа сезона според мене, особено во првото полувреме. Имавме шанса да ја зголемиме предноста во Ла Лига и навистина нема оправдување за ваков натпревар. Немавме интензитет, желба за победа и тоа ме загрижува. Им се извинуваме на навивачите и знаеме дека ако сакаме титула мора да ја промениме играта. Имаме среќа што имаме седум бода предност на врвот, но нема да биде лесно да дојдеме до титулата“, изјави Чави.

Поразот доаѓа во најлош момент за Каталонците. Пред неколку дена беа елиминирани од Манчестер Јунајтед во Лигата на Европа откако на „Олд Трафорд“ загубија со 1-2 од „црвените ѓаволи“.

Овој четврток на „Сантаго Бернабеу“, Барселона му гостува на Реал Мадрид во првиот меч од полуфиналето на Купот на Кралот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови