Смртта на легендарниот Диего Марадона се уште е предмет на истрага во Аргентина, а јавното обвинителство ја прошири листата на осомничени кои можеби директно влијаеле во загрозувањето на животот на Ел Пибе. Покрај докторот Леополдо Луке, психијатарот Аугуста Косаков, психологот Карлос Дијаз и двајцата негуватели Рикардо Алмирон и Дахиана Мадрид, листата на осомничени е проширена за уште две лица.
Јавното обвинителство на Аргентина ги истражува и постапките на двајца менаџери на компании кои имале директна релација со Диего Марадона откако тој ја напуштил клиниката и заминал на домашно лекување. Под истрага се Ненси Форлини, менаџерката на осигурителната компанија која требала да го гарантира здравстеното осигурување на Диего Марадона, како и Маријано Перони, менаџерот на компанијата преку која биле анагжирани негувателите во домот каде почина аргентинскиот ас.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар со триумфот над Струга ТЛ и дефинитивно мина прв низ целта и ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Стефан Цветковиќ (Вардар)
Вардар е шампион, а голот вреден титула за триумфот во Струга го постигна Стефан...
Автор makfudbal













