Connect with us

Ботев Пловдив понуди 100.000 евра за Доријан Бабунски

Бугарскиот прволигаш Ботев Пловдив сака да го има Доријан Бабунски во тимот и подготвува понуда од 100.000 евра до неговиот сегашен клуб Ботев Враца. Македонскиот репрезентативец имаше одлична есен и постигна десет гола за Ботев Враца во првиот дел од сезоната во бугарскиот шампионат.


Договорот на помладиот Бабунски истекува на крајот од сезоната и со оглед на тоа оваа сума воопшто не е занемарување. Сепак, Ботев Враца не сака лесно да се откаже од услугите на најдобриот напаѓач. Претседателот на клубот сопшти дека и покрај понудите, Ботев Враца сака да го задржи Доријан Бабунски до крајот на првенството.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови