Колумбиецот со македонски пасош, Александер Борха Кордоба по доаѓањето од Борец веднаш покажа дека ќе биде одлично засилување за Кит Го низ актуелната сезона.
„Пресреќен сум што сум тука во еден извонредно организиран клуб на кој може да му позавидат и прволигаши. Со две победи убаво ја почнавме пролетната сезона и сега не очекуваат уште девет натпревари до крајот. Во екипата владее одлична атмосфера, па сето тоа заедно со тимската игра даваат резултати. Се надевам искрено дека ќе продолжиме со добри игри и на крај од сезоната ќе бидеме меѓу водечките три екипи во лигата“, изјави Борха Кордоба.
Тој изминатата есен настапуваше во редовите на Борец, а претходно во македонскиот шампионат има настапи и за Работнички, Македонија ЃП и за Пелистер.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski