Connect with us

Барди: Не смееме да потпаднеме на еуфорија, ако бидеме во вистинско издание – ќе се радуваме

МАКФУДБАЛ во Малта,

Фудбалската репрезентација на Македонија утре ги продолжува квалификациите за ЕВРО 2024. Нашиот национален тим гостува на Малта, а капитенот Енис Барди предупредува дека не смее во нашата селекција да има еуфорија пред утрешниот меч.


„Среќен сум поради постигнатиот гол, но многу посреќен сум затоа што тимот се врати психолошки и сега повторно размислуваме за нешто повеќе во групата, за второто или за третото место. Утре имаме еден голем тест, знаеме што нѐ очекува, направивме анализи и во никој случај не смееме да потпаднеме под некоја еуфорија. Ако бидеме ние во вистинско издание, мислам дека ќе оствариме позитивен резултат“, изјави Енис Барди.


Натпреварот меѓу Малта и Македонија се игра утревечер, од 20.45 часот, на Националниот стадион во Ла Валета.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови