Mакедонскиот репрезентативец Јани Атанасов најавува агресивна игра на Македонија во Тбилиси што треба да донесе триумф против Грузијците. Тој вели дека помладите сили се подготвени да го надоместат отсуството на повредените фудбалери.
„Ни недостигаат многу играчи, но ние што сме тука ќе го дадеме максимумот, како и секогаш кога играме за репрезентацијата. Сега е време да го докажеме тоа и да освоиме три бода. Селекторот ги постави коцките за дуелот во Тбилиси, а ние само треба да ги извршиме зададените задачи. На натпреварот во Скопје не бевме толку агресивни, но сега ќе покажеме агресивност и желба за победа. Во селекцијата има доста млади играчи кои се желни за успех и докажување во дресот на Македонија“, изјави Атанасов.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski