Connect with us

Арон Рамзи потпиша за Ница

Само една недела откако спогодбено го раскина договорот со Јувентус, играчот од средниот ред Арон Ремзи потпиша договор со Ница. Тој ќе остане на Азурниот Брег до летото 2025 година.
Рамзи помина три години во гигантот од Торино во кои забележа 69 настапи со шест гола и шест асистенции, но многу често беше повреден.


Во последните шест месеци беше позајмен во Глазгов Ренџерс каде на 13 натпревари забележа два гола и две асистенции. Претходно, 31-годишниот играч од средниот ред мина долг период во Арсенал, за кого забележа 371 настап со 65 гола и 65 асистенции.

За репрезентацијата на Велс има 74 настапи со 20 гола и 9 асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови