Connect with us

Арменд Алими успешно опериран, ќе паузира околу шест месеци

Новото засилување на Работнички, Арменд Алими, денеска имаше успешна операција на тетивата на левата нога, објави клубот на официјалниот сајт. Тој се повреди на подготовките во Анталија, а деталните лекарски прегледи покажаа дека ќе мора да биде извршен хируршки зафат за санирање на повредата.

Првичните проценки се дека на одличниот фудбалер за врска му претстои рехабилитациски процес од околу шест месеци.

Арменд Алими оваа зима пристигна како големо засилување во Работнички од актуелниот првак Шкендија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови