Connect with us

Ангелов: Посакуваме победа против Гибралтар и против Шведска

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година денеска продолжува со подготовките за претстојните предизвици од мартовскиот циклус квалификации за пласман на Европско првенство кое ќе се одржи во Словачка 2025 година.


Избраниците на селекторот Драги Канатларовски во 16 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски” ќе го одработат вториот тренинг, а фокусот главно ќе биде насочен кон првиот дуел против селекцијата на Гибралтар.

Играчот од средниот ред на Работнички, Матеј Ангелов, даде свој коментар и видување за претстојните натпревари од квалификациите.

„Нѐ очекуваат два натпревари пред домашната публика кои се од големо значење за нас. Сакаме да се покажеме во добро светло пред нашите навивачи. Целта е јасна, а тоа е победа на двата меча. Првиот натпревар го играме против Гибралтар. Фавотири сме и тоа треба да го покажеме на теренот. Ќе дадеме сѐ од себе за да издвојуваме победа, со што би направиле чекор напред и добра увертира за Шведска.

Против Шведска нема да биде воопшто лесно, очекувам уште еден тежок дуел против нив како што тоа беше случај во првото коло. Верувам дека со добар пристап, одлучност и срце на терен би можеле да оствариме нов позитивен резултат против нив.

Сѐ освен победа на овие два квалификациски натпревари за нас би претставувало неуспех. Имаме голема желба да одиграме добро и по низата неуспеси да се вратиме на победничките патеки“, изјави Матеј Ангелов.

Во првиот меч од мартовскиот циклус, на 21. март македонските надежи ќе се соочат со репрезентацијата на Гибралтар. Пет дена подоцна на програмата е дуелот против силната Шведска.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови