Connect with us

Академија Пандев официјално го промовираше Трајановски

Македонскиот фудбалски прволигаш Академија Пандев официјално го промовираше Филип Трајановски. 19-годишниот централен дефанзивец и член на младинската репрезентација на Македонија ја засилува одбраната на струмичкиот тим за пролетниот дел од сезоната.

Трајановски ги помина подготовките во Анталија, но се чекаше на целосна документација и потврда за настап.

Веќе в недела Трајановски ќе конкурира за настап во составот на Академија Пандев против Македонија Ѓорче Петров во првото коло од вториот дел од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови