Connect with us

Лукас Хернандез ги скина лигаментите, го пропушта ЕВРО 2024

Дефанзивецот на Пари Сен Жермен, Лукас Хернандез, ќе го пропушти Европското првенство ова лето. Тој се повреди вчера на натпреварот против Борусија Дортмунд во полуфиналето на Лигата на шампионите. Денеска беше објавено дека тој ги скинал вкрстените лигаменти на левото колено и ќе паузира подолг период.


ПСЖ соопшти дека дијагнозата е потврдена по денешните прегледи. Се очекува дефанзивецот да биде опериран во наредните денови. Лукас Хернандез нема да може да им помогне на парижаните во обидот за прв триумф во Лигата на шампионите и нема да може да игра за Франција на претстојното Европско првенство, а ќе пропушти и дел од следната сезона.

Екстремно лошата среќа на Лукас продолжи откако тој заработи слична повреда, но на десната нога, за време на воведниот натпревар на Франција на Светското првенство во 2022 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови