Connect with us

Абрахам се враќа во тимот на „волчицата“ за дуелот со Емполи

Најдобриот стрелец на Рома, Тами Абрахам, се врати на тренинзите заедно со своите соиграчи, откако заработи повреда во тешкиот пораз од Удинезе со 4-0 пред една недела. Англискиот интернационалец го пропушти гостувањето кај Лудогорец во Лигата на Европа (1-2), но се очекува да стартува против Емполи во понеделник.


Рик Карсдорп исто така не отпатува за Разград, но се опорави од повредата и ќе стартува од првата минута против Емполи.

Во амбулантата на „волчицата“ остануваат Кумбула, Ел Шарави, Заниоло, Вајналдум и Ебрима Дарбо.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови