Connect with us

Зинедин Зидан ќе биде нов тренер на Баерн Минхен

Томас Тухел си заминува, а нов тренер на Баерн Минхен од следната сезона ќе биде Зинедин Зидан, тврди „Мундо Депортиво“. Легендарниот Французин три години е без работа откако си замина од Реал Мадрид, долг период чекаше можност да го преземе кормилото на репрезентацијата на Франција, но со оглед дека тоа нема да се случи така брзо, многу веројатно е дека ќе се нафати на предизвикот и ќе пристигне на „Алијанц арена“.

„Мундо Депортиво“ тврди дека двете страни веќе се договориле околу сите детали и дека тоа ќе биде објавено по завршувањето на сезоната.

Постоеше можност и за враќање на Џулијан Нагелсман на клупата на баварскиот тим, но тој избрал да продолжи да работи како селектор на фудбалската репрезентација на Германија.

За прв соработник на Зинедин Зидан на клупата на Баерн Минхен се споменува легендарниот ас Франк Рибери, кој долги години го носеше дресот на овој клуб.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови