Македонскиот шампион во женски фудбал, ЖФК Љуботен, го започна вториот квалификациски турнир во Лигата на шампионите со убедлив пораз од шведскиот Розенгард (0-5) во Белгија.
Иако избраничките на Љуботен добро парираа во првото полувреме, противникот дојде во водство во 44. минута преку Анам Имо од пенал.
Во продолжението шведскиот тим ја потврди својата класа. Сјостром зголеми на 2-0, по што повторно погоди Имо, а до крајот со два гола се истакна Ларсон за конечни 5-0.
Розенгард, кој има богато европско искуство и статус на поранешен полуфиналист во ЛШ, целосно ја оправда фаворитската улога, додека Љуботен останува да ја бара својата шанса во следните натпревари од турнирот.
По поразот од Розенгард, ЖФК Љуботен ќе има нова можност да се докаже во квалификациите. Македонскиот шампион ќе игра во натпреварот за третото место во групата, кој носи пласман во новоформираниот Европа Куп на УЕФА.
Ривал на тетовчанки ќе биде подобриот од дуелот меѓу СФК Сараево (БиХ) и Леувен (Белгија). Победникот од „малото финале“ ќе обезбеди настап во новото европско натпреварување и дополнителна шанса за меѓународна афирмација.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













