Брера направи вистинска сензација совладувајќи го актуелниот лидер Струга со 2-4 на гостински терен, нанесувајќи ѝ го првиот пораз сезонава во Првата лига.
Гостите уште од стартот најавија изненадување — Наумчески во третата и Стојанов во седмата минута донесоа брзо водство од 0-2. Струга возврати преку Зенку во 11-тата минута, но Брера стигна до трет погодок.
Бесмир Бојку се погрижи за најубавиот момент на натпреварот, постигнувајќи спектакуларен гол од 30 метри, но тоа не беше доволно за пресврт. Брера во второто полувреме погоди уште еднаш и го потврди триумфот.

На арената „Тодор Проески“ во Скопје, Работнички и Македонија ЃП одиграа натпревар без голови.
Двете екипи имаа свои моменти, имаа и шанси, но не постигнаа гол, па оттаму заслужија и само по еден бод.
Во десеттата минута Работнички имаше колосална можност за водство. Манојлов одлично го проигра Димитар Трајков, кој излезе сам пред голманот Јанков, шутираше, но одбраната на гостите спаси пред гол-линијата.
Осум минути подоцна голема шанса и за Македонија ЃП. Беше досуден индиректен удар за гостите откако Велиќ ја врати топката лошо кон голот, а Васко Василев мораше да спасува со рака. Гостите имаа можност од непосредна близина да реализираат од прекин, но одбраната на Работнички успешно блокираше и ја расчисти опасноста.
Во 35.минута нова закана од Македонија ЃП. Брза акција по која Мартин Талаков излезе сам пред Василев, но во последен момент беше блокиран.
Во вториот дел, за одбележување е ударот на Матеј Ангелов, кој заврши над голот, кога е во прашање Работнички.
Македонија ЃП во 87.минута имаше одлична шанса за триумф преку Гереиро, но Васко Василев го одбрани неговиот удар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Марсело Гаљардо е нов селектор на Еквадор
Евро-фудбал
Стефано Пиоли ќе биде нов тренер на Трабзонспор?
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)













