Кризата на Ливерпул станува сè подлабока. По европската магија во Лигата на шампионите, каде блеснаа против Ајнтрахт Франкфурт, „црвените“ вечерва се приземјија тешко во Премиер – лигата.
Брентфорд на свој терен покажа храброст, карактер и смелост — и го победи шампионот со 3-2.
Веќе по пет минути беше јасно дека ова нема да биде лесна вечер за избраниците на Арне Слот. Данго Оутара ја запали публиката со рано водство, а во самиот финиш од првото полувреме Кевин Шаде го удвои резултатот и го натера Ливерпул да тргне во потера.
Сепак, „црвените“ најдоа зрак надеж кога младиот Милош Керкез погоди во последните секунди од првиот дел. Но, наместо пресврт, следуваше уште еден удар – Игор Тијаго беше сигурен од пенал во 60. минута и ги замолкна гостинските навивачи.
Мохамед Салах во 89. минута само го ублажи поразот, но впечатокот остана: Ливерпул делува без идеја и без енергија. Брентфорд, пак, го одигра совршениот натпревар – борбен, паметен и смел.
Падот на шампионот продолжува, а притисокот врз Арне Слот станува сè поголем.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Претседателот на Наполи ги нападна УЕФА и ФИФА
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













