Италијанскиот првак Наполи го победи Интер со 3-1 на стадионот „Диего Армандо Марадона“ и го презеде врвот на табелата во Серија А со 18 бода, еден повеќе од Милан. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас настапи во последните десетина минути од дербито во Неапол.
Кевин де Бруин донесе водство за Наполи со пенал во 33. минута, но при изведувањето сериозно се повреди и мораше да го напушти теренот.
Скот Мектоминеј во 54. минута постигна прекрасен гол со удар од далечина, а пет минути подоцна Хакан Чалганоглу намали од пенал за Интер.
Сепак, победата на Наполи ја потврди Франк Замбо Ангиса со гол во 66. минута за конечни 3-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го доби дербито со Вардар и заедно со лидерот Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Марјан Радески (Струга Трим Лум)
Струга Трим Лум го доби дербито со Вардар (0-1) во Скопје и ја продолжува...
Автор makfudbal













