Нуно Еспирито Санто го наследи Грем Потер на клупата на Вест Хем и очекувањата беа дека „чеканите“ ќе оживеат — но реалноста е сосема спротивна. Тимот изгледа безидејно и бледо, а доколку не се случи радикален пресврт, опасно се приближува до испаѓање од Премиер – лигата.
Лидс вечерва на „Еланд Роуд“ го искористи тоа и заслужено славеше со 2-1 во дуелот од деветтото коло. Домаќините буквално го решија натпреварот уште во првите петнаесет минути. Брендон Аронсон ја отвори серијата со гол во третата минута, а Џо Рондон по корнер во 15. го удвои водството.
Вест Хем се обидуваше да се врати во игра, но безуспешно. Единствено што успеа беше преку Матеуш Фернандеш во 90. минута да го ублажи поразот.
Со оваа победа, Лидс се искачува на 13. позиција со 11 бодови, додека кризата на Вест Хем станува сè подлабока — тимот останува претпоследен со само четири освоени поени и без видливи знаци на напредок.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум ја оствари најубедливата победа во осмото коло откако со 6-0 го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Марјан Радески (Струга ТЛ)
Потсети дека некогаш беше и македонски репрезентативец. И сѐ уште има раскошен репертоар на...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Младите фудбалери поразени од Шведска













