По девет кола Работнички има скромни пет бода, и репрезентативната пауза ја искористи за консолидирање на тимот и подобрување на формата. Надежите се дека ќе следува многу подобар период во кој клубот од Дебар Маало ќе успее да освои многу поголем број поени во првенствените битки.
Тимот на Алпарслан Ердем денеска, со почеток во 14:30 часот, на Националната Арена „Тодор Проески“ ја пречекува Македонија ЃП. Ќе биде тоа интересна скопска пресметка за трите бода.
„Работнички нема друг избор, мора да почне да победува. Навистина потфрливме на стартот од првенството и паузата од тој аспект можеби беше и добредојдена за нас. Да се реорганизираме, да се подготвиме подобро и да тргнеме со нови сили – да остваруваме победи. Македонија ЃП е квалитетен тим, ги респектираме, но мотивирани сме максимално да излеземе на терен и да стигнеме до трите бода“, вели Михаил Димитриевски, дефанзивецот на Работнички.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар направи клучен чекор кон титулата, откако Шкендија се сопна и во Кратово. Брера...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Вардар со една рака веќе го држи шампионскиот трофеј откако во 30.коло го победи...
Автор makfudbal













