Менaџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, потврди дека играчот од средниот ред Родри сè уште не е целосно опоравен и нема да биде дел од составот за неделното гостување кај Астон Вила. Дополнителна загриженост за шпанскиот стратег претставува и неизвесноста околу настапот на Нико Гонзалес, кој во последните натпревари ја извршуваше улогата на дефанзивен играч за врска.
Родри, кој има 29 години, е надвор од составот од почетокот на октомври, кога заработи повреда во текот на победата со 1-0 над Брентфорд. Тој пропушти два натпревари, против Евертон во Премиер лигата и против Вилјареал во Лигата на шампионите.
Гвардиола не прецизираше временска рамка за неговото враќање, нагласувајќи дека опоравувањето сè уште трае.
„Фудбалерите кои не беа достапни за дуелот со Вилјареал сè уште не се подготвени“, изјави Гвардиола.
Нико Гонзалес, кој го замени Родри во улогата на дефанзивен играч за врска, беше заменет по околу еден час игра од Матео Ковачиќ поради физички проблем. Гвардиола објасни дека неговиот настап против Астон Вила е под сериозен знак прашалник, а медицинскиот тим ќе го следи неговиот напредок во следните два дена.
„Сè уште не сум разговарал со лекарите, ќе видиме денес и утре како се чувствува. Имаше некаков проблем со ногата“, додаде тој.
Манчестер Сити моментно има пет победи во осум кола и се наоѓа на второто место во Премиер лигата, само три бода зад лидерот Арсенал. И покрај солидниот почеток на сезоната, Гвардиола нагласи дека е прерано да се извлекуваат заклучоци за трката за титулата.
„По првите неколку кола нè отпишаа, а сега изгледа дека Ливерпул е отпишан. Ќе се вратиме, но потребни се 10 до 15 натпревари за да се разбере вистинската слика. Ливерпул и Арсенал се таму, некој друг ќе биде таму, и се надевам дека и ние ќе бидеме дел од тоа друштво.“
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Јетон Беќири
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Интернационалци
Емотивно интервју: Стефан Ашковски за бегството од Иран (ВИДЕО)
Женски фудбал
Фудбалерките до 17 години поразени од Северна Ирска
Евро-фудбал
Клоп ќе биде тренер во Мадрид, ама не на Реал?!













