Сезар Сото Градо ќе го суди дербито во Ла Лига меѓу Реал Мадрид – Барселона, соопшти Кралската фудбалска федерација. За 45-годишниот судија, ова ќе биде второ Ел Класико во неговата кариера. Тој го судеше натпреварот минатата пролет – на 21 април 2024 година кога Реал Мадрид победи со 3-2.
Иглесијас Вилануева ќе биде ВАР – судија.
Статистиката покажува дека Градо судел 22 натпревари на Реал Мадрид, со биланс од 14 победи, шест нерешени и две порази. Во тие натпревари покажал 46 жолти и четири црвени картони на играчи на „кралевите“. Покрај тоа, досудил шест пенали во корист на Реал Мадрид и пет против нив.
Драстично помалку пати бил судија на натпревари на Барселона – само 14. Каталонците победиле во шест од тие натпревари, изгубиле пет, а три завршиле нерешено. Покажал 22 жолти и два црвени картони на играчи на каталонскиот тим, досудил три пенали за нив и исто толку против нив.
Ел Класико е утре во 16:15 часот на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













