Фудбалерите на Манчестер Јунајтед забележа триумф над Брајтон на „Олд Трафорд“ со 4-2 во деветтото коло од Премиер – лигата, запишувајќи ја третата последовна победа за тимот на Рубен Аморим. По триумфите над Сандерленд и Ливерпул, вечерва падна и Брајтон на „Театарот на соништата“.
Првиот гол за Јунајтед го постигна Матеус Куња во 24. минута по асистенција на Касемиро, кој подоцна и самиот се запиша во листата на стрелци во 34. минута. Брајан Мбеумо го заокружи водството на тимот по еден час игра, по додавањето на Бењамин Шешко.
Брајтон се врати во игра со головите на Дани Велбек во 74. минута и Харлампос Костулас во втората минута од судиското продолжение. Но, драмата ја прекина Брајан Мбеумо кој постигна нов гол и го постави конечниот резултат 4-2.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими се засили и со Фатјон Јусуфи













