ФК Скопје немаше милост за Вардар Форино и го совлада со 6-0 на „Авоткоманда“. Владимир Жоглев постигна хет – трик за „пиратите“, а во листата на стрелците се запишаа и Иво Јанакиевски од пенал, како и Арсим Љамалари од пенал, и Мустафа Јусуф.
Гостивар со новиот шеф на стручниот штаб им се врати на победите, славеше со 3-0 против Тетекс. Генц Гаши го отвори резултатот во 28.минута, а во завршницата од мечот погодија и Џемаил Есати и Христијан Кировски.
Скопје има бод предност на врвот на табелата во Втората лига Запад.
Велазерими со 2-0 го победи Кораби, стрелци на головите беа Мирлинд Ибраими и Албулен Имери.
Дрита и Кадино одиграа 1-1, а реми без голови заврши дуелот меѓу Велешта и Охрид.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski