Connect with us

Втора лига: Вардар убедлив, пораз на Пелистер, реми за Гостивар

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар се зацврсти на врвот на табелата во Втората лига, откако славеше на гости во Каменица против Саса со 0-3. Дарко Мицевски од пенал го отвори резултатот, а во вториот дел стрелаа и Јаневски и Жоглев.


Пелистер загуби на гостувањето кај Детонит Плачковица со 1-0, а Гостивар само ремизираше без голови против Беласица на домашен терен.

Воска Спорт ја победи Слога Виница со 3-0. Изаир Емини, Бехар Фета и Вахит Мурати беа стрелци за Воска на овој дуел.

Беса го декласира Тетекс со 6-1, а Охрид освои три бода (1-2) на гости против Борец.

Караорман го совлада Аресими со 2-0.

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови