Connect with us

Втора лига Исток: Дерби дуели во Прилеп и во Струмица

Засилениот тим на Каменица Саса гостува во Прилеп и ќе ги одмери силите со Победа. Тоа се две екипи кои собраа максимални шест бода на стартот од Втората лига Исток и имаат амбиции да бидат при самиот врв на табелата. Оттаму оваа пресметка е многу интересна.


„Очекуваме еден тежок натпревар во Прилеп, тоа е фудбалски град и сигурно дека Победа ќе има значајна поддршка од гледачите. Токму затоа, поради домашниот терен се и фаворити. Но, ние сме подготени да одиграме квалитетен меч“, вели шефот на стручниот штаб, Горан Здравков.

Беласица која „киксна“ во минатото коло, сега на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица го пречекува тимот на Кит Го. Се очекува возбудлив дуел.

Осогово е домаќин на Братство, Локомотива ја пречекува Слога Виница која исто така има максимални шест бода на стартот, а во Радовиш ќе играат Детонит и Кожуф.

Натпреварите почнуваат од 16 часот.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови