Connect with us

Џирона ја тресна Барса, Реал Мадрид е нов шампион на Шпанија (ВИДЕО)

Може да почне шампионската прослава во Мадрид. Реал е нов шампион на Шпанија, откако на четири кола до крајот има недостижни 13 бода предност пред Џирона.

Токму триумфот на Џирона над Барселона (4-2) овозможи „кралевите“ уште во ова коло да станат недостижни за конкурентите.

Кристенсен во третата минута погоди за водство на Барса, но во следната минута одговори Довбик. Левандовски од пенал повторно обезбеди предност за Барселона во 45.минута од мечот.

Сепак, вториот дел комплетно му припадна на домаќинот. Порто во 65.минута израмни, а Мигел Гутиерез само две минути подоцна се погрижи за пресврт. Триумфот го потврди Порту со својот втор гол на мечот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови