Connect with us

Халанд: Навистина не ми е гајле за Рој Кин…

Ерлинг Халанд повторно беше во своето препознатливо светло против Вулверхемптон во мечот од 36. коло на Премиер – лигата. Норвешкиот напаѓач постигна четири гола против Вулвс, со што стигна до 25 гола во Премиер – лигата и оди кон уште едно признание за најдобар стрелец.

Легендата на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, претходно го критикуваше Халанд, велејќи дека понекогаш изгледа како играч на ниво на Лига 2 (четвртиот ранг на англискиот фудбал).


По денешното одлично издание, новинарите побараа коментар од Халанд за Рој Кин.
„Навистина не ми е гајле за тој човек“, беше краткиот, но јасен одговор на ѕвездата на Манчестер Сити.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови