Брегалница се намачи, а Тиквеш лесно оствари триумф. Но, продолжува израмнетата трка меѓу овие два тима за врвот на табелата во Втората лига Исток.
Тиквеш без проблеми оствари победа кај Росоман и славеше со 0-4. Ѓорѓи Мојсов и Дарко Гроздановски донесоа солидна предност, а Лазаров и Вареловски го докрајќија ривалот.
Брегалница едвај победи на Могила против Победа со 1-2. Митрев во 95.минута погоди за триумф на штипскиот прволигаш.
Дарко Стојанов ја доведе Брегалница во водство во 61. минута, но Димоски успеа да израмни на 1-1.
Кит-Го и Слога Виница ремизираа 1-1. Кит-Го поведе сo голот на Оливер Христов, но израмни Бујчевски во 76. минута. Саса Каменица и Осогово одиграа без голови, а Кожув славеше на гости против Плачковица со 0-1.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













