Connect with us

Втора лига: Детонит непоразен кај Беса, триумф на Пелистер

Фудбалерите на Детонит Плачковица успеаја да останат непоразени на гостувањето кај лидерот Беса. Дуелот заврши без голови, па радовишани ја продолжуваат трката со Пелистер за директен пласман во елитата.


Пелистер славеше против Кожуф со 1-0. Стрелец на единствениот гол беше Бојан Спиркоски уште во шестата минута од мечот. Сега Пелистер има три бода повеќе од Детонит во трката за втората позиција, а Беза е лидер со 51 бод, шест позитива во однос на Пелистер.

Арсими го победи Караорман со 3-0. Емран Рамадани беше двоен стрелец, а погоди и Арјадин Цуцули.

Охрид Лихнидос беше уште поубедлив и го порази Осогово со 5-0. Дамјан Масевски постигна два гола, а стрелаа и Емил Скоко, Филип Димоски и Самед Кадриоски.

Тетекс беше непријатно изненаден од последнопласираниот тим на Каменица Саса со 1-3, а ФК Скопје го победи Вардар Неготино со 1-0.

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови