Connect with us

Втора лига: Детонит го доби дербито со Пелистер, Беса убедлива против Саса

Детонит Плачковица го доби дербито против Пелистер со 1-0 и се врати сериозно во трката за пласман во Првата лига. Стрелец на победничкиот гол за радовишкиот тим беше Стефан Бабунски во 19.минута од натпреварот. Пелистер имаше можност за израмнување во второто полувреме, но Благоја Љамчевски не успеа да реализира пенал.


Лидерот Беса немаше проблеми на гостувањето против Саса и славеше со 0-3. Двоен стрелец беше Филип Алексовски, а погоди и Христијан Драгарски.

Охрид успеа да го сопре позитивниот тренд на Вардар Неготино и на гости славеше со 0-1 .

ФК Скопје исто така минимално победи на гости против Караорман со 0-1, со голот на Мердиан Рамадани. Беласица и Башкими одиграа без голови, како и Осогово и Победа.

Арсими го победи Кожуф на гости со 0-2, а Новаци и Тетекс ремизираа 1-1.

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови