Connect with us

Втора лига: Беса не ја прескокна Струмица, Пелистер подобар од Новаци

Лидерот на табелата, тимот на Беса, се лизна на гостувањето во Струмица, но и понатаму води во второлигашкото друштво. Составот на Александар Таневски ремизираше против Беласица (1-1). Филип Алексовски погоди во 86.минута, откако струмичани претходно имаа предност.

Пелистер беше поуспешен од Новаци, иако номинално важеше за гостин на овој дуел. Пелистерци славеа со 1-3, со головите на Христов, Спиркоски и на Танушев.

Детонит Плачковица по „киксот“ на стартот на пролетта, се врати во ритам со триумф против ФК Скопје. Домаќинот славеше со 1-0, со гол постигнат во судиското продолжение.

Осогово го победи Тетекс со 4-0, Арсими на гости славеше кај Каменица Саса со 2-3, а Башкими триумфираше со 0-1 против Победа. Вардар Неготино одлично ја почна пролетта, па стигна до триумф (0-1) на гости против Кожуф.

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови